Светското првенство (СП) во алпско скијање во 2027 година ќе се одржи во швајцарскиот центар Кран Монтана, одлучи Советот на Меѓународната скијачка федерација (ФИС) во Милано.

Во конкуренција за организација на Светското првенство 2027 беа и германски Гармиш-Партенкирхен, норвешки Нарвик и Солдеу во Андора.

– Имавме четири одлични понуди за организација на Светското алпско првенство 2027 и тоа секако не беше лесна одлука. Кран Монтана во својата понуда внесе страст која можеше да се почувствува, изјави претседателот на ФИС, Јохан Елиаш.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 03:01