Во финалето на Светското првенство од елитната група во хокеј на мраз пласман први обезбедија хокеарите на Финска, откако домашната репрезентација триумфираше во полуфиналето над САД со 4-3 (1-1, 2-1, 1-1).

Противник на домаќинот на годинешното Светско првенство во финалето ќе биде победникот од дуелот меѓу Канада и Чешка.

На последните две првенства во финалните натпревари играа Канада и Финска.

Финците ја освоија титулата во 2019 година, а Канаѓаните триумфираа на завршниот турнир лани.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 03:45