Возачот на Ферари, Чарлс Леклер ќе ја почне утрешната трка од Светското првенство во Формула 1 во Монте Карло од челната позицијата, откако во денешните квалификации го победи тимскиот колега Карлос Саинц од Шпанија.

Зад тандемот на Ферари ќе стартуваат возачите на Ред Бул, Мексиканецот Серхио Перез и Макс Верстапен, од третиот ред трката ќе ја почнат Британците Ландо Норис (Мекларен) и Џорџ Расел (Мерцедес), додека шпанскиот ветеран Фернандо Алонсо (Алпин) и поранешниот светски првак, Бритенецот Луис Хамилтон, ќе стартуваат од четвртиот ред.

Пред трката за ГН на Монте Карло во водство во генералниот пласман е Верстапен со шест бодови предност пред Леклер на второто место.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 04:08