Трка со совладување на препреки за прв пат во земјава ќе се одржи денеска во селото Леуново во Националниот парк Маврово.

Околу 260 пријавени учесници, како што информираат организаторите, ќе трчаат околу 12 километри со преминување на препреки како ѕидови, кал, вода, јажиња, носење товар и уште други.

Организаторите, исто така, најавуваат дека вакви трки планираат да организираат на уште две-три различни локации низ земјава во текот на годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2022 09:19