Шпанскиот тенисер Рафаел Надал го сподели своето мислење за утрешниот четвртфинален меч на Ролан Гарос против Србинот Новак Ѓоковиќ.

– Јас сум во четвртфиналето и едноставно уживам да играм овде повторно. Ситуацијата сега е таква што не знам дали следниот натпревар ќе ми биде последен во кариерата. Повторно поминав низ проблеми со нозете. Не знам што ќе се случи со мојата кариера во блиска иднина, па се трудам само да се забавувам и да дадам се од себе, изјави Надал.

Тој е 21-кратен победник на Грен слем турнирите.

Ѓоковиќ и Надал ќе се соочат по 59-ти пат. Триесет и петгодишниот Србин има 30 победи, додека неговиот врсник од Шпанија има 28.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2022 09:18