Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, не е вознемирен поради тоа што на Големата награда на Монако возел зад тркачите на Алпин.

Најпрвин Хамилтон беше зад Естебан Окон. Ривалите дојдоа до контакт во првиот свиок, поради што пилотот на Алпин доби казна. Луис го помина последниот дел од трката зад Фернандо Алонсо. И покрај тоа што Шпанецот возеше неколку секунди побавно, Британецот немаше можност да го престигне на патеката во Монте Карло.

– Кој знае на кое место ќе завршев. Немам идеја. Искрено, не знаев кои се моите опции, но секако не помогна тоа што останав заглавен зад двете машини на Алпин. Да бидам искрен, не сум разочаран. Ова е она што го очекувате во Монако. Знаев дека нешто слично ќе се случи ако се квалификувам под еден од нив. Се надевав дека ќе има некаква шанса поради дождот, но не успеав. Ќе ги научиме лекциите и ќе продолжиме понатаму, изјави седумкратниот шампион во Формула 1.

Хамилтон трката ја заврши на осмото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2022 09:28