Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, од секторот Канализација, поради влошените временски услови и појавата на дожд, во текот на вчерашниот и денешниот ден се на терен за расчистување на сливниците и шахтите со цел непречена функционалност на атмосферската канализација во сите општини на град Скопје.

Екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, ќе ги продолжат активностите за расчистување на сливниците и шахтите, следејќи ја состојбата со временските услови, со цел непречено функционирање на атмосферската канализација на територија на град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2022 11:32