Во Крушево изминатиот викенд се одиграа Топ 8 натпревари во пинг-понг во категорија помлади од 19 години во машка и женска конкуренција.
Во женска конкуренција пласманот на најдобрите три е: 1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка, Крива Паланка 2. Катерина Лаура Михајлов – ППК Телеком Нец 2, Скопје 3. Изабела Ковачовска – ППК Зегин Берово, Берово
Најдобри во машка конкуренција: 1. Даниел Главевски Зхоу – ППК Пелагонија, Битола 2. Нико Доага – ППК Крушево, Крушево 3. Лука Стојчев – ППК Шампион Фа, Штип
По комплетирањето на сите натпревари во оваа конкуренција У19 за сезона 2021/22 кај машките на табелата прв остана Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка, додека Стојановска е прва и со голема предност кај девојките.