Во моментов најдобрата тенисерка на светот, Ига Швјонтек, кажа што ѝ се допаѓа најмногу кога е број 1.

– Навистина ми се допаѓа кога луѓето прашуваат во кое време сакам да играм и тие навистина слушаат. Убаво е. Навистина ми се допаѓа… не знам. Можеби некои подароци. Можеби дека можам да направам поголем притисок врз противниците, рече Швјонтек.

За лошите страни да си лидер на тенисерките таа кажа:

„Јас самата чувствувам поголем притисок и ова не е забавно. Но, мислам дека ми оди прилично добро, така да не знам што друго не ми се допаѓа. Навистина уживам во тешките натпревари“.

Во четвртфиналето на Ролан Гарос, полската тенисерка ќе игра против Џесика Пегула од САД.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2022 10:16