Националната арена Тодор Проески, викендот беше локација на која се одржа Купот на Македонија за сениори и сениорки, организиран од Атлетската федерација на Македонија.

На натпреварот учество зедоа 24 атлетски клубови членки на Атлетската федерација со вкупно 155 атлетичари. Во ревијалните трки за деца учество зедоа 11 атлетски клубови со учество на 132 најмлади атлетичари, кои се иднината на овој спорт кој последниот период се враќа на голема врата.

„Овој викенд е празник за македонската атлетика, а Купот е најважниот настан за нас како Атлетска федерација на Македонија. Имаме огромен број на учесници, во нив се и нашите најдобри атлетичари кои нижат неверојатни успеси, а тука се да ги исполнат нормите, а и да срушат некој рекорд„-истакна Александра Војнеска Зикова претседателка на АФМ.

Соборен е еден рекорд на фрлање кладиво за млади младинки од страна на Теа Алексовски од АК Куманово , со резултат 25.62 см кој беше во преходна сопственост на Матеја Ефремовска од истиот клуб, поставен во 2015 година со 22,04см .

Гостин на трибините беше директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, што според Зикова е важно за федерацијата која е препознаена од оваа институција која континуирано ги поддржува и значи ветер во грб за сето она што сакаат да го реализираат од планови како Федерација.

„Нашето помагање како Агенција како млади и спорт кон кралицата на спортовите, останува. Оваа федерација покажува одлични резултати во последниот период и покажува сериозна организираност, која евидентно дава резултати. Тоа е само повод да размислуваме за уште поголема поддршка кон овој спорт„ - изјави Наумче Мојсовски за новинарите.

Купот, кој по карактер е Екипно првенство на кое атлетичарите и атлетичарките согласно остварените резултати и исполнетите минимални вредности на резултатот “норми„ собираат бодови за рангирање на клубот, успеаја да се пласираат вака :

Кај СЕНИОРКИТЕ 1 место со 608 бодови АК Куманово 2 место со 302 бодови АК Центар 3 место со 254 бодови АК Делта

Кај СЕНИОРИТЕ 1 место со 657 бодови АК Делта 2 место со 330 бодови АК Охрид 3 место со 307 бодови АК Куманово

Додека во СЕВКУПЕН ЕКИПЕН ПЛАСМАН прворангираните три екипи беа: 1 место со 915 бодови АК Куманово 2 место со 911 бодови АК Делта 3 место со 448 бодови АК Работнички

И покрај невремето и обилните врнежи токму во овој викенд, организацијата на Купот беше одлична. На истиот зедоа учество 24 атлетски клубови членки на Атлетската федерација со вкупно 155 атлетичари и над 130 деца во ревијалниот дел.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2022 10:33