Шпанскиот тенисер Рафаел Надал се пласираше во полуфиналето на турнирот Ролан Гарос. Тој по голема борба ноќеска го совлада Србинот Новак Ѓоковиќ со 3:1, по сетови 6:2, 4:6, 6:2 и 7:6 (7:4).

– На крајот, ова беше многу емотивна вечер за мене. Но, ова е само четвртфинален натпревар. Значи сè уште не сум освоил ништо. Само си дадов шанса да се вратам на теренот за два дена. Многу ми значи играњето уште едно полуфинале на Ролан Гарос, изјави Надал по победата над првиот светски рекет.

Мечот траеше 4 часа и 14 минути.

Следен противник на Надал ќе биде Германецот Александар Зверев.

Грен слемот во Париз се игра за награден фонд 43,6 милиони евра.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 09:43