Со вчерашниот пораз од Рафаел Надал во четвртфиналето во Париз, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го нанижа третиот грен-слем турнир без триумф, што е негова најлоша серија во последните четири години.

Серијата успеси на Ѓоковиќ почна во Вимблдон 2018 година и оттогаш до денес најдобриот светски тенисер победи на осум од вкупно 15. грен – слем турнири.

Триумфираше на Австралија Опен (2019, 2020, 2021), Ролан Гарос (2021), Вимблдон (2018, 2019, 2021) и на Ју-Ес Опен (2018).

Последната долга серија на грен – слем турнирите на кои Ѓоковиќ не освои трофеј беше од Вимблдон 2016 до Вимблдон 2018 година кога минаа осум турнири во низа без триумф на српскиот тенисер.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2022 21:09