Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе вториот пораз во третиот натпревар во рамки на групата Б од ЦЕВ Европската сребрена лига, откако вечерва во Скопје загуби од Албанија со 1-3.
Албанските одбојкари го освоија првиот сет (25-23), по што избраниците на селекторот Ратко Павличевиќ возвратија со 25-20 за израмнување на резултатот, но гостите ги освоија следните два сета (25-17, 25-22), нанесувајќи и го на Македонија вториот пораз во серија.
Реваншот во Тирана е на програмата в сабота со почеток во 19 часот.
Претходно денеска во првиот натпревар од третото коло во групата Б, Романија ја совлада Босна и Херцеговина со 3-0 и со максимални три победи води на табелата