Младиот македонски тенисер Максимилијан Алексовски постигна забележителен успех со освоеното второ место на европскиот тениски турнир за играчи до 14 години, што изминатите денови се одржа во Битола.

Алексовски, во силна конкуренција на тенисери од европскиот континент, стигна до финалето во кое по голема борба беше поразен од Бугаринот Александар Толев, а имаше забележителен настап и во игра на двојки.

– Напорната работа и вложениот труд секогаш даваат резултат. Максимилијан напорно работи секој ден, и овој успех доаѓа очекувано, изјави неговиот тренер Андреја Исаиев од ТК АБЦ Скопје.

Успехот на Алексовски го поздрави и државниот селектор на Тениската федерација на Македонија, Горан Шевченко, истакнувајќи дека овие резултати не се случајни.

– Ова е втор ваков успех за кратко време. Тенисот станува сè популарен спорт во Македонија, сè повеќе деца го играат и тоа дава резултат. Ние како Тениска федерација, ќе ги поддржиме сите оние кои имаат талент и потенцијал и кои во најдобро светло ја претставуваат нашата земја, порача Шевченко.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2022 14:39