Тренерот на карате клубот Макпетрол, Бошко Заборски е задоволен од настапот на неговите избраници на Балканско првенство за деца, ветерани и сениори-ки, во дисциплините борби и кати во поединечна и екипна конкуренција одржано викендот во Белград.

Освоени се девет медали од кои три златни, еден сребрен и пет бронзени.

– Како спортски колектив задоволни сме од постигнатото иако имаме квалитет и можности за многу поголеми резултатски постигнувања. Успеавме да освоиме вкупно девет медали, од кои три се освоени во поединечна конкуренција, шест медали се освоени во екипна конкуренција со тимовите во борби. Најдобар успех на ова првенство постигна Петар Заборски со освоени еден златен и еден бронзен. Добар впечаток остави исто така и младиот натпреварувач Витомир Трајковски, тој успеа да влезе во финалната борба. Ангела Мојсовска беше стандардна, откако не успеа да влезе во финалето, рутински ја совлада својата противничка од Црна Гора во борбата за бронзениот медал. Сакам да го истакнам посебно следниов податок, многу сум среќен и задоволен од настапот на машкиот тим, кој на ова првенство покажа голема хомогеност, сплотеност и соработка тоа се особини што до сега како да ни недостасуваа. Сега само треба да го негуваме овој тим да го подготвуваме и следна цел треба да ни биде освојување на медал од европско и светско првенство.

На првенството учествуваа 1 338 од 10 држави.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2022 12:44