Легендарниот шпански фудбалски тренер Пеп Гвардиола ги нарече тенисерот Рафаел Надал најдобар шпански спортист во историјата.

Надал во неделата во финалето го совлада Норвежанецот Каспер Руд со 3-0 во сетови и со тоа ја освои својата 14. титула на Ролан Гарос, а вкупно 22-та на грен – слем турнирите.

– Без сомнение, нема расправа дека Рафа е најдобриот. Тешко е да се споредува индивидуален и екипен спорт. Шпанија имаше многу големи спортисти, но никој друг толку долговечен и конзистентен, изјави Гвардиола за шпанските новинари.

– Кариерата на Надал е тешко да се опише, тој едноставно не запира. Доколку ги надмине проблемите со стапалото верувам дека ќе продолжи да освојува трофеи, додаде тренерот на Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 04:48