Финалето на Били Џин Кинг купот за тенисерки ќе се одржи од 8 до 13 ноември во Глазгов, објави денеска Меѓународната тениска федерација (ИТФ).

Тенисерките ќе се натпреваруваат во „Емирејтс Арена“, а покрај домаќинот Велика Британија, на турнирот ќе учествуваат и селекциите на Австралија, Белгија, Канада, Чешка, Италија, Казахстан, Полска, Шпанија, Словачка, Швајцарија и САД.

Репрезентациите ќе бидат поделени во четири групи, а во полуфиналето на поранешниот ФЕД куп ќе се пласираат само победниците во групната фаза.

Ова ќе биде четврти пат најголемото меѓународно женско тениско натпреварување да се одржи во Велика Британија.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 05:34