Британскиот тенисер Енди Мареј проговори за својата состојба на неколку недели пред почетокот на Грен слемот Вимблдон.

– Во споредба со минатата година, се чувствувам многу поинаку. Минатата година едвај тренирав за Квинс Клубот, не можев да се движам нормално и не се чувствував добро само четири дена пред Вимблдон. Но, тогаш состојбата се подобри, иако воопшто не се подготвував. Годинава тренирам на трева веќе три недели и немав физички проблеми кои би ми пречеле во подготовката. Одиграв неколку натпревари минатата недела и се надевам дека ќе играм уште неколку во следните неколку недели.

Уживам во спортот, го сакам, но поради операцијата мојата ситуација не е како Надал. Мислам дека тој игра за да се обиде да собори рекорди и да освои големи турнири. Секако, ја сакате својата работа ако играте низ болка и ги надминувате тешкотиите, но со годините полесно се игра преку болка кога се борите за најголемите трофеи. Последните 4-5 години беа сосема поинакви за мене – паднав на АТП-листата ​​и играв на послаби турнир. Така, нашите ситуации се различни, но јас играм за љубовта кон тенисот и затоа што мислам дека сè уште можам да се натпреварувам на високо ниво, изјави Мареј.

Пред три години, поради вграден вештачки колк, ретко кој помислуваше дека Мареј ќе ја продолжи кариерата, но трикратниот грен слем шампион се врати на тениските терени.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2022 11:43