Федерацијата на училишен спорт на Македонија (ФСУМ) со поддршка на Агенцијата за млади и спорт од 12-ти до 16 јуни организира Отворени балкански училишни спортски игри „Охрид 2022“.

По тој повод денеска, на прес-конференција, детали ќе соопштат директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски, како и претседателот на ФУСМ Александар Туфекчиевски.

На Отворените балкански училишни спортски игри ќе учествуваат околу 450 ученици-натпреварувачи од Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и БиХ.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/06/2022 09:23