Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ќе ги пропушти сите турнири во пресрет на Вимблдон 2022 година, пишува „Sportklub.rs“.
По поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Ролан Гарос, Ѓоковиќ отпатува за Белград, а сега е во Црна Гора. Наскоро ќе замине во Лондон, каде ќе се подготвува за Вимблдон.
Триесет и петгодишниот Србин е актуелниот победник на Вимблдон. Тој шест пати го освојуваше овој турнир.
Грен слемот Вимблдон 2022 ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули.