Бразилскиот парламент усвои закон со кој му се дава почесно државјанство на седумкратниот светски првак во Формула 1, Британецот Луис Хамилтон, во знак на признание за неговата приврзаност кон Бразил и легендарниот возач Аиртон Сена.

– Добив почесно државјанство во едно од моите најомилени места во светот, објави Хамилтон на својот Инстаграм профил, кој го следат 28.4 милиони луѓе.

– Во моментов немам зборови. Ти благодарам Бразил, те сакам, и одвај чекам повторно да те видам, напиша британскиот возач, кој поради претстојната трка за Големата награда на Азербејџан овој викенд не можеше да допатува во Бразил.

На неговата порака одговори еден од најдобрите фудбалери на сите времиња Пеле.

– Ти честитам Луис. Среќен сум што од овој момент можам да те сметам за сонародник, објави Пеле на социјалните мрежи.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2022 10:03