Судот за спортска арбитража (CAS) со седиште во Лозана ја потврди денеска суспензијата на тројца руски кајакари, вклучувајќи го и олимпискиот првак од 2012, Александар Дјаченко, поради допинг.

Дјаченко, Николај Липкин и Александра Дупик се суспендирани поради допинг од 2014 година, но Светската антидопинг агенција (WADA) вложи жалба на таа одлука во март лани.

Дјаченко на Игрите во Лондон го освои златниот медал во дисциплината К-2 на 200 метри, а на Олимпијадата во Рио не настапи, откако неговото име се најде во извештајот на Ричард Мекларен.

Во извештајот објавен во јули 2016 година, непосредно пред Игрите во Рио, се говори за систематски допинг во Русија од 2011 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2022 04:52