Челниците на Меѓународната традиционална карате федерација (ИТКФ) и Македонската традиционална карате федерација, Венцислав Недев и Дејан Недев, остварија средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах, во рамки на неговата работна посета на Скопје.

На средбата одржана на маргините на 51. Генералното собрание на Европскиот олимписки комитет, како што е соопштено, претставниците на ИТКФ и МТКФ имаа можност да го запознаат претседателот Бах за меѓународните активности во светот на традиционалното карате, а му подарија и монографија „50 години карате во Македонија“.

Недеви имаа средба и со претседателот на Европскиот олимписки комитет Спирос Капралос, како и со членовите на бордот на ИОК, Сергеј Бубка и Ненад Лаловиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/06/2022 12:01