Македонската машка одбојкарска репрезентација ги задржа шансите за пласман во полуфиналето во Европската сребрена лига, откако попладнево со максимални 3-0 во сетови ја совладаа БиХ на гостувањето во Тузла.

За македонските одбојкари ова беше последен натпревар во групната фаза, а одлуката дали ќе се пласира на завршниот турнир во Будимпешта ќе биде позната утре по дуелот меѓу Романија и Албанија.

Македонија ќе обезбеди полуфинале како второпласирана во групата Б само доколку лидерот Романија ја совлада Албанија со 3-0 или 3-1 во сетови.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2022 06:10