Рускиот тенисер Данил Медведев се искачи на првото место на најновата АТП ранг-листа. Дваесет и шестгодишникот Медведев го престигна Србинот Новак Ѓоковиќ, кој падна на третото место. Втор е Германецот Александар Зверев.

Топ 10 тенисери во светот на ранг-листата на АТП:

1. Данил Медведев (Русија) – 7 950 поени 2. Александар Зверев (Германија) – 7 075 3. Новак Ѓоковиќ (Србија) – 6 770 4. Рафаел Надал (Шпанија) – 6 525 5. Каспер Руд (Норвешка) – 5 050 6. Стефанос Циципас (Грција) – 4 945 7. Карлос Алкарас (Шпанија) – 4 893 8. Андреј Рубљов (Русија) – 4 125 9. Феликс Оже-Алиасиме (Канада) – 3 895 10. Матео Беретини (Италија) – 3 570.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2022 09:52