Болидот на Ферари управуван од Еди Ирвајн на Големата награда на Шпанија во 1997 година е понуден на продажба.

Станува збор за болидот F310B, кој беше произведен во девет примероци во текот на сезоната 1997 година, три користени исклучиво од Михаел Шумаехер, два само Еди Ирвајн, додека другите возачи ги споделуваа останатите болиди.

Примерокот со шасијата број 176 се користеше само за време на трката за Големата награда на Шпанија во 1997 година и Ирвајн не го возел оттогаш болидот. Ирецот беше единаесетти во квалификациите и имаше проблеми со гумите за време на трката. Ситуацијата беше влошена со казна од 10 секунди поради игнорирање на сините знамиња, а Ирвајн на крајот заврши 12-ти, додека Шумахер беше четврти.

На крајот на сезоната, Ферари го задржа болидот во својата колекција, но во 1998 година го продаде на Михаел Габел од Германија. Болидот потоа го купил друг германски колекционер кој го чувал 22 години.

Болидот минал само 320 километри и сè уште ги има оригиналните појаси на Sabelt и пневматиците Goodyear slick. Исто така, тука е и оригиналниот V10 мотор поврзан со седумстепен секвенцијален полуавтоматски менувач.

Цената е достапна по упатено барање за таква информација.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2022 16:05