Дијана Вукановиќ и Матеја Ефремовска од атлетскиот клуб Куманово учествуваа на атлетскиот митинг во Зеница, Босна и Херцеговина од каде се вратија со добри резултати, соопштија денеска од клубот. Вукановиќ учествуваше на трката на 100 метри со пречки каде заврши како третопласирана, а на трето место се пласираше и во трката на 400 метри.
– Нашите атлетичарки освоија добри резултати на атлетскиот митинг во Зеница. Задоволни сме од постигнатото. Вчера се вратиме во балканското превенство за младинци под 18 години од Бар, Црна Гора. Во репрезентацијата составен од само шест учесници, учествуваше и кумановката Теа Алексовска во фрлање диск. Во моментов се подготвуваме за учество на повеќе натпревари, изјави тренерот на АК „Куманово“, Филип Колевски.
Матеја Ефремовска во скок во далечина, заврши на четвртата позиција.
Кумановските атлетичари од атлетскиот клуб „Куманово“ освоија прво место во севкупна категорија (мажи и жени) на ниво на државата на последниот сениорски државен куп.