Докторот на Рафаел Надал се произнесе за можноста шпанскиот тенисер да учествува на Вимблдоn 2022.

– Доколку третманот со „RF“ функционира, Рафа ќе пристигне во Лондон во одлична форма. По четири дена, тој ќе започне да тренира самостојно, изјави докторот за „Tennis World USA“.

Претходно, Надал, пред почетокот на Ролан Гарос, помина третман со пулсирачко радиофреквентно зрачење на нервите на повреденото стапало.

Триесет и шестгодишниот тенисер е 22-кратен победник на Грен слем во сингл.

Вимблдон 2022 ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 09:33