Во борбата за шампионскиот трофеј на завршниот Ф4 турнир од Регионалната боксерска лига ќе се соочат Црвена ѕвезда и Лозница. Завршниот турнир се одржува во Скопје.

– Националната боксерска федерација на Македонија заедно со Српскиот боксерски сојуз овие два дена го направија главниот наш град центар на регионалниот бокс. Екипите на Црвена ѕвезда и Лозница од Србија, вечерва од 20 часот ќе ги вкрстат ракавиците за првиот трофеј во регионалното натпреварување. Меч како што може да се посака меѓу Лозница и Витезови во полуфиналето на Регионалната бокс лига кој го реши последната борба и тоа со поделена одлука. Победи Лозница 12-10 откако Санел Хасановиќ славеше со 3-2 против Јосип Ќориќ во супертешкашката борба со што и ја однесе Лозница во финалето, бидејќи до тој меч резултатот беше 10-10. Црвена ѕвезда славеше рутинирано против Железничар во второто полуфинале на Регионалната бокс лига 18-4 и обезбеди финале против Лозница, соопштија од БФМ.

Финалето е закажано за вечер во 20 часот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/06/2022 09:39