Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Федерацијата на училишни спортови успешно ги организираа Балканските училишни спортски игри „Охрид 2022”.
– АМС ја презема обврската да организира вакви спортски игри, за нашите млади, за нашата иднина. Ученици од различни земји, тука се зближија ги надминаа различностите и ни покажаа нам повозрасните дека иднината е во фер плеј, во почитување, во победите и во поразите. Младите ги заслужуваат сите услови да напредуваат и да се реализираат во спортот кој го избрале. И тоа е наша цел и мисија од која не се откажуваме.
Продолжуваме да креираме клима и услови за секој еден млад спортист да може да го оствари својот сон и во спортот, но и во секоја друга професија која ја одбрал. Се надеваме дека оваа наша иницијатива во иднина ќе прерасне во традиционална спортска манифестација која ќе расте секоја година и ќе ги зближи младите спортисти на Балканот
На сите учесници во спортските игри изминативе денови им честитаме и да им порачаме дека СИТЕ ВИЕ СТЕ ПОБЕДНИЦИ!
Ви посакуваме и понатаму успеси, достојно да ги претставувате вашите земји и постигнувате одлични резултати! – стои во соопштението на Агенцијата за млади и спорт.
Игрите се одржаа од 12 – 16 јуни во Охрид и на истите учествуваа околу 450 ученици-натпреварувачи од најдобрите средни училишта од следниве балкански земји: Македонија, Србија, Албанија, Косово, Бугарија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.