Белградска Црвена ѕвезда ја освои титулата во Регионалната боксерска лига, откако синоќа во финалето во Скопје ја совладаа Лозница со убедливи 16-6.
Боксерите на Црвена ѕвезда во Скопје испишаа клупска историја, освојувајќи го првиот екипен трофеј по пауза од 52 години, а до титулата дојдоа без ниту еден пораз.
На патот до финалето Црвена ѕвезда во средата го совлада Железничар од Сараево со 18-4, додека Лозница беше поуспешна од загрепски Витез со 12-10.
Регионалната боксерка лига по долга пауза заживеа како резултат на тесната соработка меѓу боксерските клубови од регионот во рамки на програмата „Отворен Балкан“.