Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен, е задоволен од прикажаното на првите две тренинзи на Гран При на Канада.

Холанѓанецот беше најдобар по двете сесии на патеката „Жил Вилнев“ во Монтреал.

– Позитивен ден. Секогаш има нешто да се подобри, но почетокот на викендот се покажа како добар. Да се ​​најде пристап до меките гуми е секогаш тешко, мислам дека можеме да одиме уште побрзо. Имаме конкурентен болид. Доколку врне дожд за време на квалификациите, условите ќе бидат исти за сите. Во недела треба да бидеме брзи, а наскоро ќе дознаеме каков ќе биде исходот во квалификациите, изјави Верстапен за „Ф1 њуз“.

Да потсетиме дека квалификациите ќе се одржат вечер, а главната трка утревечер со почеток во 20 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2022 11:56