Македонската одбојкарска репрезентација попладнево во Будимпешта загуби од Финска со 3:1 во првиот натпревар од полуфиналето на Европската сребрена лига.

Финците го добија првиот сет со 25:22, Македонците возвратија во вториот со 25:20. Следуваше пад во играта на „црвено-жолтите“ и убедливи 25:18 и 25:16 за нордиските одбојкари за конечна победа и пласман во финалето.

Во второто полуфинале вечерва од 19 часот играат домаќинот на завршниот турнир Унгарија и Романија.

Победникот утре ќе се бори за трофејот, додека поразениот ќе игра со македонската селекција во мечот за третото место.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2022 21:35