Актуелниот светски првак во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен, беше најбрз во квалификациите за Големата награда на Канада, додека неговиот најголем конкурент за титулата Чарлс Леклер со Ферари ќе ја почне трката од последната позиција.

Верстапен на вчерашните квалификации дојде во својата 15. пол – позиција во кариерата, искористувајќи го малерот на Леклер, откако Ферари беше принуден по трет пат сезонава да врши промена на делови на неговиот болид што повлече казна за денешната трка на која второпласираниот во генералниот пласман ќе стартува од последното место.

Зад Верстапен се најдоа Шпанците Фернандо Алонсо (Алпин) и Карлос Саинц (Ферари), додека Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) ќе стартува од четвртата позиција.

Стартот на трката во Монтреал е закажан за вечерва во 20 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2022 10:09