Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжи со успешните настапи на меѓународна сцена, освојувајќи го сребрениот медал на трката на 5.000 метри на Балканското првенство, кое викендов се одржува во романскиот град Крајова.

Ивановски ја истрча патеката со време од 13:56:59 и го освои второто место, една недела по златниот медал на Европското првенство за мали земји во Малта.

Ивановски денеска го очекува и трката на 3.000 метри, а од македонските атлетичари настап на Балканијадата во Крајова попладнево ќе имаат и Јован Стојоски на 200 метри, Леонид Вандевски на 3.000 метри стипл и Адријана Поп Арсова во трката на 5.000 метри.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2022 02:55