Французинот Фабио Квартараро (Јамаха) беше најбрз на денешната трка од Светското првенство во мотоциклизам во елитната MотоГП класа на патеката Сахсеринг во Германија.
Актуелниот светски првак до својата трета победа сезонава, а втор по ред, дојде пред сонародникот Јохан Зарко (Дукати) и Австралиецот Џек Милер (Дукати).
Со новата победа Квартараро ја зголеми и предноста во генералниот пласман.
Францускиот мотоциклист сега има 172 бодови, 34 повеќе Шпанецот Алекс Еспаргаро (Априља), кој денеска беше четврти, додека трет во генералниот пласман е Зарко со 111 бодови.