Енди Мареј проговори за повредата на стомачните мускули, која ја доби во Штутгарт. Во текот на финалето против Матео Беретини, Британецот го повика докторот и почна послабо да сервира.
– Повредата се лекува, но ситуацијата сè уште не е идеална. Мојата цел е да започнам во добра физичка кондиција и да си дадам најдобра шанса да се натпреварувам. Оваа недела беше и позитивна и негативна. Добрата работа е што можев да вежбам, но има одредени удари кои не можев да ги изведам. Добро тренирам во последните три-четири дена. Но, за жал, на натпреварите, невозможно е без да си способен за сите елементи. Се надевам дека во следните неколку дена сè ќе биде во ред.
Британецот не откри точно кои удари не може да ги реализира, но рече: „Сигурен сум дека можете да го сфатите тоа врз основа на природата на повредата. Не успеав во некои работи што би сакал да ги направам. Но, се надевам дека во следните неколку дена ситуацијата ќе се подобри и ќе се вратиме на нормални подготовки.
Триесет и петгодишниот Мареј во моментов е на 51. место на АТП ранг-листата, а пред шест години беше прв светски рекет.