Екипата составена од припадници на македонските вооружени сили и Министерството за одбрана го освои петтото место на традиционалниот, 13. по ред, „CISM Футсал куп за мир“ што оваа седмица се одржа во Нови Сад.
Инициран во 2009 година, проектот „CISM Футсал куп за мир“ ги вклучува футсал екипите составени од припадниц на вооружените сили на шесте поранешни југословенски републики и како средство за јакнење на мирот, толеранција и соработка, е препознаен од Меѓународниот совет за воени спортови (CISM) како активност од исклучително значење во програмата „CISM – спорт и мир“.
Првото место на годинешниот турнир го освои воениот футсал тим на Србија, пред Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија и Македонија.
Признанијата во екипна и поединечна конкуренција на пригодна свеченост ги доделија бригадниот генерал во Армијата на Србија, Зоран Насковиќ и претставникот на Меѓународниот совет за воени спортови, полковник Ричард Емех.