Во Берово вечер се игра финалето на Малеш Куп 2022, првиот ноќен турнир во мал фудбал кој е организиран во чест на стогодишната фудбалска приказна на ОФК „Малеш”. Во финалето силите ќе ги одмерат екипите на Паб Делчево и Акумулатори, додека во натпреварот за трето место се среќаваат екипите на Лајф Кафе и Империјал Пит.

Даниел Анастасовски, капитен на екипата од Делчево, по победата над Империјал Пит и пласманот во финалето очекува добра игра на неговите соиграчи и во најзначајниот натпревар. -Досега и во натпреварите по групи и во плеј-офот одигравме без пораз и очекувам така да биде и во финалето, рече Анастасовски.

Турнирот ги оправда очекувањата на организаторите имајки ја во предвид огромната посета од беровчани кои секоја вечер во изминатите 10 дена со голем интерес ги следеа фудбалските возбудувања на игралиштето кај старата гимназија. Вкупниот награден фонд на турнирот е 160 илјади денари, од кои за победникот на првиот Малеш Куп следува парична награда од 80.000 денари. Финалниот натпревар се игра вечерва во 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2022 12:50