Во организација на Коњичкиот клуб „Бравадос“ од Скопје, денеска, на терените на клубот во Волково се одржаа вториот „Јунски коњички турнир“ и 3. коло од отвореното Државно првенство во прескокнување пречки.

На програмата беа натпревари во прескокнување пречки во класите А, Б, Ц, Д и дебитанти, со височина на пречките од 0,70 – 1.15 метри, ширина 1,30 метри.

Постигнати резултати по натпреварувања:

Класа – Д, висина на пречките 0,80-0,90 метри

место, Лиа Каев со грлото Нур од КК. Анималс

место, Сандра Маслинко со грлото Прешес од КК. Анималс

место, Ветон Куртаи со грлото Прометеус од КК. Илинден

Класа – Ц, висина 0.90-1,10 метри со одржан еден бараж

место, Лиа Каев со грлото Нур од КК. Анималс од КК. Анималс

место, Леонида гроздановска со грлото Џилдан од КК. Анималс

место, Трајче Димитров со грлото Метлок од КК. Бравадос

Класа – Б, висина 1,10-1,20 метри

место, Петар Милошевски со грлпто Надја од КК. Бравадс

место, Сиља Дуковска со грлото Најтингел од ККС. Илиден

место, Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК. Анималс

Класа – А, висина 1,15-1,30 метри

место Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК. Анималс

место Петар Милошевски со грлото Надја КК. Бравадос

место Самир Реџепи со грлото Коку од КК.

Во класата дебитанти, висина на пречките 0,60-0,70 метри, првото место го поделија натпреварувачите, кои го апсолвираа паркурот без казнени поени, а тоа се Калина Колевска со грлото Прешес од КК. Анималс и Матеа Димовска со грлото Прешес од КК Анималс.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2022 21:30