Доскорешниот асистент во стручниот штаб на НБА лигашот Бостон, Вил Харди, ќе биде нов тренер на кошаркарите на Јута, пренесува денеска ЕСПН.

Харди во сезоната која заврши му помогна на Бостон да дојде до финалето во разигрувањето за титулата, во кое со 4-2 во победи загуби од Голден Стејт.

Новиот 34-годишен тренер на Јута е дел од НБА од 2010 година, кога тренерот на Сан Антонио, Грег Попович, го ангажираше во тимот на видео координатори.

Харди, кој ќе биде најмладиот активен треенр во НБА лигата, со јута треба да потпише петгодишен договор.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2022 03:05