Во издание на издавачката куќа „Панили“ од Скопје излезе од печат книгата „Врвиците на зборот“ од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.

-На страниците од првото поглавје, насловено „Кон родното огниште“, се застапени текстови во кои авторката хронолошки ја проследува својата животна и твречка патека. Посебно внимание посветува на младешките години и љубопитнос кон литературата во родната Битола, како и на нејзиониот професионален ангажман во просветната и научната работа во изминатите шест децении. Во второто поглавје „Правците на зборот“ пишува за величието на свети Кирил Филозоф, за длабоките врски на светителите Кирил и Методиј и нивниот ученик Свети Климет Охридски и за Охридскиот кружен центар на ракописно наследство, соопшти издавачот на книгата.

Вера Стојчевска -Антиќ (Битола, 1939) е историчар на книжевноста и на книжевната теорија. Автор е на богат публицистички и научен опус, за што е добитник на национални и меѓународни признанија, меѓу кои и на државните награди „11 Октомври“ и „Св. Климент Охридски“ за животно дело.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2022 10:14