Бремена жена од Тексас, која добила казна за возење по лента за автомобили со повеќе патници, смета дека нејзиниот фетус мора да има статус на патник и таа не треба да биде казнета.

Бренди Ботоне, 34 недели бремена, во Далас минатиот месец возела по лента за возила со најмалку две лица внатре – факт што не го оспорувала, но сепак, полицаецот ѝ пишал казна за сообраќаен прекршок. Таа сега е решена да се бори на суд.

Имено, запрашана „Има ли некој друг во автомобилот?“, таа на полицаецот прво му го покажала трудничкото стомаче, а потоа му укажала и дека нејзиното неродено дете сега е личност во очите на законот, бидејќи претходно Врховниот суд на САД го укина досегашниот федерален закон којшто им гарантира на жените пристап до абортус.

Дури и пред абортусот да биде забранет во цела држава минатиот месец, новиот закон во Тексас го забрани абортусот по шест недели.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2022 11:09