Во Домот на култура „Јане Сандански” во Пехчево вечерва ќе се одржи промоција на книгата „Шепотот на вистината” од авторката Елена Николова. Како што информираше директорката на Домот на култура, Валентина Веселинска, се работи за промоција на дело од млад автор кој потекнува од Пехчево.

-Елена Николова има 14 години и живее во Кратово, а нејзините корени потекнуваат од Пехчево. Иако е мала, има љубов во срцето зa целиот свет. Нејзината порака до читателот е, „Љубов на се што постои на планетата за нејзина преродба”, истакна Веселинска. Меѓу останатите пораки кои ќе бидат упатени на промоцијата, како што додаде, се и пораките за вистината и градење поубав свет. Промоцијата на ,,Шепотот на вистината” ќе се одржи со почеток од 17 час во салата на Домот на културата „Јане Санднски” Пехчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2022 10:52