Во Пехчево промовирана книгата ,,Шепотот на вистината” од младиот автор Елена Николова. Директорката на Домот на култура ,,Јане Сандански” кој беше организатор на промоцијата и честиташе на авторката за издавањето на книгата, потенцирајки дека се работи за дело, кое не ја остава читателската публика рамнодушна.

-Прекрасна промоција на книга „Шепотот на вистината“ од авторката Елена Николова. Полна сала, со внимание се слушаше гласот на вистината, гласот на 14 годишната Елена Николова. И посакуваме многу успех понатаму во пишување на многу книги и успешни промоции. Браво за сите учесници од Кратово, и учениците од Пехчево кои во придружба на Елена направија прекрасно да си поминеме оваа вечер, рече Веселинска.

Книгата ,,Шепотот на вистината” е прва книга на авторката Николова.

-Книгата ја напишав на 12 и 13 годишна возраст, а еве имав среќа да ја издадам со наполнети 14 години. Главната порака во книгата е да се истакне дека само со љубовта можеме да успееме, да се соединиме сите, да се почитуваме, бидејки само така може да опстоиме во овој суров свет, рече Николова.

Промоцијата се организира по повод 7 Септември, Ослободувањето на Пехчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2022 09:43