Осум музејски поставики ќе ги отворат вратите за посетителите утре, по повод 8 Септември, Денот на независноста. Слободен влез за граѓаните ќе има во периодот од 9 до 17 часот.

За посета ќе бидат отворени: археолошката поставка, лапидариумот, етнолошка поставка кои се во просториите на прилепскиот Завод и музеј, потоа Галеријата на икони, Роднокрајната музичка поставка наспроти прилепската црква „Свето Благовештение“, Спомен-куќата на Кузман Јосифоски-Питу, Меморијален музеј „11 ти Октомври“ во центарот на градот и Музејот за тутун што е во просториите на Институтот за старословенска култура.

Во текот на летото голем број домашни и странски посетители беа заинтересирани да ги посетат музејските поставки и музеите во Прилеп.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2022 14:15