Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола приреди празнична изложба на книги, дела посветени на македонската независност.
Во изложбениот салон на библиотеката поместени се книгите „Создавањето на современата македонска држава“ од авторите Владо Поповски, Ванчо Ѓорѓиев, Зоран Тодоровски и Виолета Ачкоска, Киро Глигоров, атентат…ден потоа, два тома Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Димитрија Чуповски и македонската национална свест и други изданија од македонски автори.
Празничната изложба на книги може да се погледне, а книгите изнајмуваат секој ден во НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола.
По повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, денес во Битола бесплатен е влезот во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, битолскиот Музеј и Музејот на Албанската азбука во овој град.