НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“- Битола организира кампања за подигнување на свеста на важноста за читање, учество на библиотеката во процесот на формално и неформално образование, читање од раната возраст и сите фази во човековиот живот, вклучувајќи го и слободното време поминато на креативен и образовен начин.

Кампањата се реализира меѓу учениците од основните и средните училишта во Битола, а според востановената традиција на сите ученици од прво одделение и средношколците во прва година, библиотеката им додели ваучер за едногодишна бесплатна членарина.

–Бидете дел од универзалниот свет на книгата. Септември е месец кога започнуваме со образовниот циклус за сите возрасти. Искористете ја можноста бесплатно да се зачлените и да ги користите сите библиотечни ресурси на нашата библиотека, истакна м-р Бојан Стефановски, директор на НУУБ „Свети Климент Охридски“ Битола.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2022 10:17