Домаќинот Полска ќе игра против Италија во финалето на Светското првенство во одбојка кое е на програмата вечерва во Катовице.

Полска пред своите навивачи во неизвесен натпревар во пет сетови го совлада Бразил со 3:2 (23:25, 25:18, 25:20, 21:25, 15:12), додека Италија со максимални 3-0 беше поуспешна од Словенија.

Дуелот за третото место е со почеток во 18 часот, додека финалето започнува во 21 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/09/2022 11:24