Со одигрување на натпреварите од првото коло, викендот започна новото првен ство од Македонската кугларска лига.

Уште на стартот се одиграа два дерби натпревара помеѓу Вардар и Макпетрол, како и ГТЦ и Пелистер.

Победи Макпетрол со поените на Сашо Трпковски, Младен Донковски, Дарко Марковиќ (интернационалец), Игор Беличански и Младен Донковски. Кај Вардар 2014, поени освоија Коста Манев кој беше и играч на натпреварот и најдобар куглар во првото коло и Милош Миливојевиќ (интернационалец).

На второто дерби, поените за ГТЦ ги зедоа Менсур Ајдин, Александар, Блажевски и Игор Коцев додека кај Пелистерци, поени освоија Цане Колев, кој воедно беше и играч на овој натпревар, Цане Поповски и Влатко Трајчевски.

Резултати: Вардар А – Макептрол А 2:6 Вардар Б – Пелистер Пин 7:1 ГТЦ Мусандра – Пелистер А 5:3 Мусандра жени – Макетрол Б 1:7



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2022 09:23